Премиерлигашите наскоро ќе може да тренинраат со повисок натпреварувачки интензитет, откако британската Влада денес одобри тренинзите да се одвиваат со контакт меѓу играчите. Според протоколот ова е втора фаза кон враќање на спортските настани во земјата, што влева оптимизам дека Премиер лигата наскоро ќе продолжи со натпреварувањето.
Клубовите во среда ќе треба да го изгласаат овој предлог дали е безбедно да се почне со ваков тип на тренинг, а доколку биде усвоен екипите ќе може да го засилат темпото на тренинзите и што повеќе да бидат подготвени во пресрет рестартот на сезоната. Секако, тренингот со контакт ќе биде строго проследен согласно со медицинските услови дадени од министерството за здравство.
Доколку планот продолжи да се одвива без пречки, сезоната во Премиер лигата би требало да продолжи на 12 јуни.