Британски политичар се лути: Како може на САД опен да играат Руси и Белоруси, а не смее Ѓоковиќ?

Британскиот политичар Најџел Фараж, ги нападна организаторите на САД опен и американските власти, за тоа што на невакцинираниот Новак Ѓоковиќ нема да му биде дозволено да влезе во САД.

„Неверојатно, САД опен одлучи дека Русите и Белорусите може да играат, а на Новак Ѓоковиќ не му даваат, бидејќи не е вакциниран против Ковид-19. Тоа е тотално лудило. Нема медицински причини кои ја поткрепуваат таа одлука. Тука не станува збор за здравјето. Новак е еден од најздравите 35-годишни луѓе на светот, има и целосно здравстевено осигурување, не претставува никаков товар за американското здравство“ – изјави Фараж.

На Вимблдон кој почнува наскоро во Лондон, Ѓоковиќ ќе игра, но од политички причини не им е дозволен настап на тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија. Србинот лани играше финале во Њујорк, што значи дека со неиграњето, ќе загуби големи 1.200 поени. Но, шансите да настапи на САД опен сепак постојат, бидејќи има уште два месеци и можеби мерките ќе бидат олеснети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести