Британски специјал на Спортска прогноза: Почнува последното коло за 2019 година

Од овој момент (14 часот), последното, 17-то коло на Спортска прогноза за 2019 година е достапно за учество. Како за крај на годината нудиме британски специјал, кој го сочинуваат натпревари од англиската Премиер лига и останатите пониски, а во понудата го има и најпопуларното шкотско дерби „Олд фирм“ меѓу Селтик и Глазгов ренџерс.

Прогнозирањето на новите 13+2 парови е достапно за приложување на вашите прогнози до сабота 16 часот, поточно до стартот на средбата Њукасл – Евертон. За сабота се предвидени четири дуели, додека во недела е потешкиот предизвик.

Има две дербија, и тоа градски. Едното е во Лондон, каде што на „Емирати“ ќе се сретнат Арсенал и Челзи, додека Глазгов ќе гори при судирот на лутите ривали Селтик и Ренџерс.

Последниот дуел е во понеделник навечер, од втората англиска лига меѓу Дерби и Чарлтон. Како резерви кои се сметаат во Генералниот пласман се дуелите Норвич – Тотенхем и Престон – Ридинг.

Играта е забавна и едноставна, а наградите се одлични. Во втората сезона сè уште го чекаме мајсторот што ќе ги погоди сите 13 двојки во исто коло и ќе ја добие премијата IPhone XS што ја доделува Sport Life. Тука продолжува супер интересната трка за лидерската позиција, која носи убава награда. Смарт телевизорот од 48 инчи ќе го краси домот на шампионот во нашата бесплатна игра.

- Оглас -

Најнови вести