Британскиот крем редовно е на Вимблдон, но Бекам ги засени сите (фото)

Зарем може некој да гледа тенис кога на трибините ќе се појави Дејвид Бекам. Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, како и екскапитен на Англија, често е гостин на натпреварите на Вимблдон, а денес го следеше полуфиналниот дуел во двојки меѓу Класен и Венус, против Кабал и Фара.

Покрај тоа што достигна светска слава шутирајќи ја фудбалската топка, Бекам се смета за модна икона во таа индустрија. Денес сите рефлектори беа насочени кон него и никој не се интересираше за тенисот, па нормално дека токму Бекам беше најголемата ѕвезда на мечот по кој Кабал и Фара обезбедија финале во двојки.

- Оглас -

Најнови вести