Британскиот велосипедист испиша историја, Словенецот уште ја носи жолтата маичка (Видео)

Британскиот велосипедист Марк Кевендиш е победник на петтата етапа на најпознатата трка во светот, популарниот Тур д’Франс. Оваа победа на Кевендиш беше и историска затоа што тој сега е новиот рекордер по бројот на победени етапи. За 39-годишниот Британецот ова беше 35-ти етапен триумф на Тур д’Франс, надминувајќи го досегашниот рекорд на легендарниот Енди Меркс, кој има 34 етапни победи на оваа трка.

Словенецот Тадеј Погачар и понатаму е лидер во генералниот пласман, а токму водечкиот за малку ќе имаше незгода откако во последен момент успева да го избегне знакот кој е пред него. Веднаш по поминувањето на Погачар, кој може да се забележи во жолтата маица, неколку велосипедисти паднаа на тоа место.

 

- Оглас -

Најнови вести