Британските медиуми го открија планот на Рашфорд: Нема да им се допадне ниту на Астон вила, ниту на Јунајтед

Долго се шпекулираше дека следната дестинација на Маркус Рашфорд ќе биде Барселона или можеби Милан, но на крајот фудбалерот на Манчестер јунајтед заврши на позајмица во Астон вила. Клубот од „Вила парк“ бил подготвен веднаш да го откупи неговиот договор од Црвените ѓаволи, но самиот фудбалер инсистирал на позајмица, а Астон вила има опција да го купи за 55 милиони евра налето.

Сепак, британските медиуми откриваат кој е планот на фудбалерот и зошто инсистирал на позајмица, а не на трансфер. Неговата ера во Манчестер јунајтед е завршена, па на фудбалерот му се потребни натпревари за повторно да се наметне и да направи трансфер надвор од Англија, во некој од најголемите европски клубови.

Планот на Рашфорд е налето да биде купен од некој европски клуб, а не да остане во Астон вила, а како прва опција за такво нешто се споменува Барселона, која не можеше да си дозволи скап трансфер зимава.

- Оглас -

Најнови вести