Победата на Јаник Синер над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон беше прва за Италијанецот против најдобриот тенисер во историјата на најпрестижниот тениски турнир во светот.
Србинот двапати го победуваше Синер на Вимблдон, во 2022 и 2023 година, а британските медиуми се потсетија токму на тие натпревари, посебно на овој од пред две години.
Тие велат дека Србинот победил со „трик“, откако губеше со 0-2 во сетови и бараше пауза за тоалет, која траеше премногу долго, па тоа психолошки делувало на младиот Италијанец.
Правилата тогаш дозволуваа такво нешто, но сега се променети, па паузата за тоалет не смее да трае повеќе од три минути и може да се побара само еднаш на мечот.