Британските власти му забранија влез на камерунски фудбалер само затоа што има и руско државјанство

Екипата на Сервет вечерва ќе биде ослабена со неиграњето на еден од клучните фудбалери, зкамерунецот Гаел Ондуа. Граничните власти во Велика Британија му забранија влез на Камерунецот бидејќи тој поседува и руско државјанство, а во оваа земја има целосна забрана за влез на граѓаните на Русија.

Сепак, ваквата одлука е несфатлива бидејќи Ондуа е Камерунец и настапува за репрезентацијата на Камерун. Тој рускиот пасош го добил бидејќи дел од своето детсво го минал во Русија, каде што неговиот татко работел како дипломат.

Со ова и фаворитската улога на Глазгов ренџерс се зголемува бидејќи Сервет ќе настапи без големото засилување кое го донесе од германскиот Хановер.

- Оглас -

Најнови вести