Британците му нуделе на Ѓоковиќ да земе нивно државјанство

Некои богати земји и тениски сили се обидувале да го натурализираат Новак Ѓоковиќ и да му дадат нивен пасош, сметајќи на тешката ситуација во неговата родна Србија, но сите тие обиди биле неуспешни. Велика Британија била една од тие што му нуделе подобри услови на актелниот „светски рекет број 1“, вели неговиот татко Срѓан.

„Јас и жена ми разговаравме со Британците. Нивната идеја беше да направат тандем на Новак и Енди Мареј, за долго да владеат во тенисот и да го освојуваат Дејвис купот. Нудеа државјанство, но Новак е Србин, неговата срж е српска. Не ги одбивме веднаш Британците, туку им рековме дека ќе разговараме со децата, па ќе им се јавиме“ – открива Срѓан Ѓоковиќ.

Во тоа време, Ѓоковиќ имал 19 години, а неговите браќа Марко и Ѓорѓе имале 15 односно 11.

„Им кажав дека ќе имаат прилика да живеат во Лондон и да ги имаат најдобрите услови на светот. Знаете каков беше нивниот одговор? Никаков. Не постои таа сила која можеше да им го смени мислењето, ние сме Срби и останавме Срби до крај“ – додава таткото на Новак.

Во минатото, многу познати тенисери од некогашните Југославија и Чехословачка земаа американски пасоши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести