22.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Британците не веруваат во Ѓоковиќ и најавуваат дека ќе освои максимум една гренд слем титула во 2024 година

Новак Ѓоковиќ ги освои четири од петте најголеми тениски турнири во 2023 година, а Србинот и сега е голем фаворит да продолжи со доминацијата во светски рамки. Популарниот Ноле дојде до бројката од 24 Гренд слем титули и стана најуспешен тенисер на сите времиња. Тој беше најдобар и на Завршниот Мастерс во Торино, а секако сега е и еден од главните фаворити за триумф на првиот Гренд-слем турнир кој во јануари се игра во Мелбурн, Австралија.

Британскиот новинар Џејмс Вокер-Робертс е еден од оние кои не веруваат дека Ѓоковиќ ќе продолжи да доминира.

„Ѓоковиќ во мај полни 37 години. Карлос Алкарас, Данил Медведев, Јаник Синер и Холгер Руне успеваа да го победат во 2023 година и го намалија јазот повеќу младиот бран на тенисери и Новак“, вели Вокер-Робертс во својата анализа и предвидува дека по завршување на оваа година, Ѓоковиќ нема да ја надмине бројката од 25 освоени гренд-слем трофеи.

 

- Оглас -

Најнови вести