Бритни Спирс била нокаутирана кога сакала да се доближи до првиот пик на НБА-драфтот

Познатата пејачка Бритни Спирс имаше непријатно искуство при обидот да се фотографира со првиот пик на последниот НБА-драфт. Во еден ресторан во Лас Вегас, Бритни била заедно со својот сопруг и пријатели кога на една од соседните маси забележала дека е Виктор Вембањама, Французинот кој беше прв пик на НБА-драфтот.

Кога Бритни се доближила до Вембањама, била непријатно изненадена кога еден член на обезбедувањето буквално ја нокаутирал на земја. За среќа, 41-годишната пејачка не се здобола со потешки повреди и веднаш станала.

Човекот од обезбедувањето се извинил, Спирс го прифатила извинувањето.

„Знаете како одат тие работи кога сте опкружени со многу фанови“, рекла Спирс, која сепак го пријавила инцидетот во полиција и ќе следува санкција за човекот од обезбедувањето на 223-сантиметри високиот центар кој ќе игра за Сан Антонио Спарс во новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести