Бриж е енигма за Локерен

Денешната понуда со фудбалски натпревари е поскромна, во ек се предновогодишните празници, а ние ќе ви понудиме пет предлог-типови со комбинација од мечеви од Јупилер лигата во Белгија, од Премиер лигата и два дуели од Серија Б во Италија.

Локерен – Бриж (18 часот)

Популарните триколори ќе му бидат домаќини на еден од најнезгодните ривали за нив, актуелниот првак Бриж. Локерен има 7 порази на последните 8 натпревари со денешнот гостин.

Проблем за Локерен е што игра многу слабо во новата сезона и е закован за дното на табелата во Јупилер лигата само со 14 бода. Ќе мораат да бараат начин како да останат непоразени против големиот фаворит.

Бриж со триумфот против Антверпен од 5-1 ја прекина серијата од три меча без победа во најсилната фудбалска лига во Белгија, а и денеска мора да оди на три бода, бидејќи со меч повеќе Генк му побегна за цели 10 бодови. Проблем за тренерот на гостите Иван Леко е што повторно во составот ќе го нема повредениот Јеле Фосен, но Бриж има квалитетни алтернативи за да го преброди гостувањето на „Дакнамстадион“ во Локерен.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90) Квота на денот

 

Андерлехт – Васланд Беверен (20.30 часот)

Според формата, гостите се во подобар период, особено откако во ноември го именуваа Аднан Ќустовиќ за тренер. Беверен има видлив напредок со кормиларот од БиХ, има серија од три победи и веќе побегна од дното на табелата, иако се наоѓа во опасната зона.

Андерлехт ја игра веројатно и најлошата полусезона во оваа деценија, моментно е на шестата позиција со минимални шанси да бие битка за титулата, пред сè со лидерот Генк, но и со Бриж, Антверпен и останатите екипи од самиот врв. Белгискиот гигант има серија од пет меча без победа, но ако нешто е за охрабрување пред денешниот меч со Беверен, тоа е традицијата. На последните 13 меѓусебни натптревари Андерлехт има 10 победи, едно реми и само два порази, а на домашен терен има шест победи на последните 7 меча.

Последните пет дуели им се со најмалку 3 погодоци, ниво кое според квалитетот на екипите, Андерлехт може да го исполни, па и да го надмине.

Предлог тип: Т1 3-5 голови (2.50) Квота на денот

 

Палермо – Асколи (21 часот)

Лани по пауза од 10 години, повторно меѓусебе играат Палермо и Асколи и тогаш на еден од двата дуели стрелец на гол беше Илија Несторовски. Денеска нема да игра поради повреда, но тука е вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски како закана за голот на Асколи.

Палермо сака експресно да се врати во Серија А, а за да им се исполнат планот и целта, мора да се победува во интересна конкуренција во Втората италијанска лига.

„Црно-белите“ од Асколи не се ниту сенка од некогашниот стабилен прволигаш во Италија. Асколи е еден од најстарите клубови во Италија формиран во 1898 година, но во блиското минато мина процес на банкрот и повторно враќање на сцената. Вечерва ќе бидат аутсајдери против Палермо, клуб кој во моментов има подобра екипа од Асколи.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.50) Квота на денот

 

Саутхемптон – Вест хем (20.45 часот)

Ралф Хазенхитл прави одлична работа како кормилар на Саутхемптон и Австриецот експресно успеа да ја смени климата во таборот на „светците“. Со него како нов тренер го победија Арсенал, а потоа и Хадерсфилд и вечерва одат на хет-трик против драстично ослабениот состав на Вест хем.

„Чеканите“ беа во одлична форма, но го платија данокот на многуте повредени играчи со пораз од Ватфорд во минатото коло. Претходно нанижаа четири победи, но од меч во меч ги загубија Арнаутовиќ, Вилшер, Јармоленко, Ланцини, а неизвесни за настап против Саутхемптон се и Балбуена и Чичарито.

Последните меѓусебни мечеви на Саутхемптон и Вест хем беа ефикасни, веројатно опцијата 3+ е најдобрата варијанта за типување, но домаќинот има голема шанса за нова победа и треба да ја искористи.

Предлог тип: 1 (2.22)

 

Верона – Цитадела (21 часот)

Поранешниот италијански репрезнтативец Фабио Гросо има задача да ја врати Верона во Серија А, но тоа нема да биде лесно со оглед на големата конкуренција. Засега Верона се наоѓа во зоната за бараж, но ниту врвот не е далеку, па со победа против Цитадела, би останале во битката за директен пласман во највисок ранг на натпревари.

Цитадела е една од ретките екипи во Серија Б што нема странски играч и настапува исклучиво со италијански фудбалери и засега не им оди лошо. Заедно со Верона и со Пескара се на позициите 4, 5 и шест со по 26 бодови. Цитадела во корелација со името ја има најцрвстата одбрана во Серија Б и прими само 12 голови на 16 мечеви, што е одличен учинок. Вистински бедем за напаѓачите, а тимот не е поразен веќе на 11 натпревари по ред во Втората лига.

Верона е во серија од 4 меча без пораз, па најреално е да се одигра на нерешено.

Предлог тип: Х (3.05) 

 

 

- Оглас -

Најнови вести