Бриж ја замолкна „Тумба“ и си закажа полуфинална пресметка со Фиорентина (Видео)

Фудбалерите на Бриж го совладаа ПАОК во Солун со 2:0 и со вкупен резултат 3:0 обезбедија пласман во полуфиналето во Лигата на конференции, каде што ќе играат против Фиорентина.

Белгијците сите надежи на навивачите и играчите на ПАОК на преполниот стадион „Тумба“ ги згаснаа уште во првото полувреме, кога ги постигнаа двата гола.

Стрелец на двата гола за Бриж беше шпанскиот интернационалец Феран Југтла.

Шпанецот прво во 33-тата минута го отвори резултатот, а во последните моменти од првото полувреме го постави конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести