20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

„Бродолом“ на Црвена ѕвезда против Басконија (ВИДЕО)

Црвена ѕвезда доживеа вистинска катастрофа на гостувањто кај Басконија во рамките на деветтото коло од Евролигата.

Српскиот шампион загуби со 93:74 и со тоа го запиша првиот пораз по серијата две едноподруго победи.

Ѕвезда немаше сили да се спротивстави на расположената Басконија, која беше предводена од Американецот Стивен Енох, кој запиша дабл-дабл учинок од 23 коша и 11 скокови.

Во останатите натпревари, Жалгирис ја оствари својата прва победа откако на домашен терен беше поуспешен од Панатинаикос со 76:69.

А Реал Мадрид, пак, триумфираше на гостувањето кај Лион со 87:74.

ЕВРОЛИГА

Басконија – Ц. ѕвезда 93:74

Лион – Реал Мадрид 74:87

Жалгирис – Панатинаикос 76:69

Баерн Минхен – Фенербахче 71:63

 

- Оглас -

Најнови вести