Бројките најавуваат ефикасна вторничка вечер во ЛШ

6001 Марсеј – Спортинг (18.45 часот)

Португалскиот тим одлично ја почна сезоната во ЛШ. Во првите две кола победуваше против Ајнтрахт и Тотенхем и има гол разлика 5-0. Од друга страна, кај францускиот тим ситуацијата е обратна, Марсеј ги загуби двата меча и има гол-разлика 0-3. Марсеј го очекува својот прв гол сезонава, а со оглед на тоа дека имаат добри напаѓачи, би требало да го совладаат голманот на Спортинг. Викендов во домашните лиги, двата тима дадоа по три гола.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

6004 Ајакс – Наполи (21.00 часот)

Наполи гази во ЛШ, со по три гола разлика ги победуваше Ливерпул и Ренџерс, па ќе сака да ја продолжи низата и во Амстердам. Ајакс има три бода од две кола, Копјаниците постигнаа пет гола во двата настапи. Наполи нема пораз уште од април, а последен пат да не дадат гол се случи во август. Ајакс е во криза, на последните три средби двапати загуби и еднаш ремизираше, но на сите овие мечеви даваше по еден гол.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.73)

 

6005 Ајнтрахт – Тотенхем (21.00 часот)

Ајнтрахт и Тотенхем во првите две кола ги снајде иста судбина, губеа од Спортинг, а го победуваа Марсеј. Во оваа група досега немаше нерешен резултат. Најавите се дека кај гостите од Лондон ќе го нема Кулушевски. Ајнтрахт е во серија од три победи по ред, а Петлите се разнишани по поразот во големото дерби против Арсенал. Последната гостинска победа на Тотенхем беше во август.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

6006 Интер – Барселона (21.00 часот)

Ова е клучен меч за Интер. Пораз речиси сигурно ќе значи преселба во Лигата на Европа по завршувањето на групната фаза во ЛШ. И Интер и Барселона во првите две кола губеа од Баерн, а ја победуваа Викторија П’лзењ. Кај Интер ќе ги нема Брозовиќ и Лукаку, ни Лаутаро не е фит, додека Барса нема да смета на Араухо, Белерин, Депај, Де Јонг и Кунде. На последните четири меча на Барса немаше ГГ, а Интер и даваше и примаше голови на последните два меча, кои ги загуби. Интер не ги совладал Каталонците уште од 2010 година, кога Нераѕурите беа европски прваци. Последните две соочувања шпанскиот тим ги доби со по 2-1.

Предлог тип: Х2 & 2-5 (1.61)

 

6007 Ливерпул – Ренџерс (21.00 часот)

Ренџерс делуваше загубено во првите две кола, губеше со 0-3 и 0-4, а сега за ривал го имаат англискиот тим кој исто така не блескаше, но барем има три бода. Ливерпул е фаворит и кај овој пар немаме дилеми дека домашните ќе победат, прашање е само што да се уфрли како додаток на кецот. Шкотскиот тим има низа од седум меча по ред со 3+ голови, а Црвените имаат три меча по ред на кои паѓаа барем три погодоци.

Предлог тип: 1 & 3-6 (1.62)

- Оглас -

Најнови вести