Бројките не лажат: Рубен Аморим постави негативен рекорд во историјата на Јунајтед

Поразот на Манчестер јунајтед од Вулверхемптон со 2-0 беше четвртиот за Рубен Аморим во седмиот премиерлигашки меч. Португалскиот тренер со тоа постави негативен рекорд како прв тренер, кој најбрзо загубил четири првенствени меча.

Досегашниот рекорд беше на Ерик тен Хаг, кому му беа потребни 13 натпревари за да доживее четири порази. Најголем проблем за Рубен Аморим е дефанзивата, а за тоа говорат и бројките, кои велат дека Манчестер јунајтед примил 19 гола на десетте меча под водство на Португалецот.

Пред доаѓањето на Рубен Аморим, Манчестер јунајтед прими 20 гола на 18 меча.

- Оглас -

Најнови вести