Бројот 13 му е среќен: Со 20 денари уплата има огромна добивка, а за две недели го чекаат уште 2.000 евра (Фото)

Човек кој во саботата уплатил тикет во Sport Life во скопската населба Кисела Вода е еден од обложувачките јунаци викендов бидејќи со минимални 20 денари уплата, има добитен тикет со бруто-добивка од 111.528 денари, во кои е пресметан и бонусот од 18.588, што е 20 проценти од можната добивка.

Не само тоа, на тикетот има 13 пара, сите со квоти 1.40 или поголеми, па овој тикет убедливо е на првото место и во промоцијата Среќна 13-ка на Sport Life за овој месец. Доколку до крајот на април не се појави добитен тикет со 13 пара и вкупна квота поголема од 4.646, на овој обложувач од Кисела Вода ќе му припаднат и 120.000 денари како победник на месечната етапа на Среќна 13-ка.

Инаку, првиот меч на тикетот, Урарту – БКМА Ереан од ерменската лига, бил и најкритичен за овој прогнозер, кој типувал победа на домашните, со додаток дека тие ќе постигнат барем два гола. Урарту водеше со 1-0 до 94-тата минута, а тогаш гостите израмнија на 1-1. Судиското продолжение беше долго, па во 97-матаминута Урарту даде втор гол за победа, кој го израдува и обложувачот од Кисела Вода.

Има и други тимови коишто даваа голови по 90-та минута за тикетот да остане во игра. Едноставно, овој тикет било пишано да биде добитен.

- Оглас -

Најнови вести