Бројот 16 е како судбина на Новак Ѓоковиќ

Точно пред 16 години, кога Новак Ѓоковиќ имаше 16 години, тој го даваше првото телевизиско интервју, а тоа беше период кога тогаш талентираниот Србин имаше 16 поени на АТП.

Овој број 16 како да му е судбина на Новак, бидејќи 16 години по тоа интервју во 2003 година, тој има 16 гренд слем титули. Неверојатна симболика и коинциденција.

Тогаш тинејџерот од Србија беше на 710-тото место на светската ранг-листа и сон му беше еден ден да се искачи на врвот на АТП-листата и да освои гренд слем турнир. Тој сега веќе не мора да сонува, долго време е прв, освои 16 гренд слема, бројка која веројатно ќе расте во иднина.

- Оглас -

Најнови вести