Фудбалскиот клуб Милан на својата интернет-страница објави дека Златан Ибрахимовиќ ќе го носи дресот со бројот 21 на грбот. Имаше шпекулации дека ќе ја земе единицата или бројот 11 ќе му биде отстапен, но сепак одлучено е да го земе бројот 21. Дебито во овој дрес ќе го има на 15 јануари, во купот против СПАЛ, а на 6 јануари во лигашкиот меч против Сампдорија веројатно ќе биде само гледач.
Како се дојде до бројот 21, погледнете на видеото кое го објавија Росонерите:
https://twitter.com/i/status/1212763707576639488