Бронзената репрезентација од последното Светско првенство е вистински предизвик за квалитетот на Македонија (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот контролен натпревар во јунскиот термин на ФИФА. За нас ова ќе биде само тест-натпревар, додека за Хрватска ќе биде подготовка за настапот на Европското првенство во Германија, каде што во група се со Шпанија, Италија и Албанија. Според противниците, ние би требало да го глумиме нашиот западен сосед.

Бронзената репрезентација од последното Светско првенство ќе биде вистински предизвик, но и тест за нашиот квалитет. Нема сомнеж кој е фаворит на овој натпревар. Квотата за победа на Хрватска е 1.33, додека за изненадување на Македонија има фантастична квота од 8.75.

Против Хрватска низ историјата имаме одиграно осум натпревари, од кои дури половината се во квалификациите за европските првенства, а по двапати игравме во квалификации за Светско првенство и во пријателски натпревари. Ние секогаш ја пречекувавме Хрватска во Скопје, додека на гостински терен игравме во Загреб и Шибеник, а денес и во Риека.

Хрватите имаат пет победи, двапати натпреварите завршувале без победник, а само еднаш победила Македонија. Вкупната гол-разлика е 12-9 во корист на Хрватите, кои никогаш не нѐ победиле со повеќе од еден гол. На гостински терен имаме три порази во официјални натпревари и само едно реми на пријателскиот меч во 2003 година во Шибеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести