Брозовиќ остана без возачка дозвола, се мангупирал со луксузниот Ролс-Ројс

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ, остана без возачка дозвола поради управување со автомобил под дејство на алкохол.

Италијанските медиуми известуваат дека играчот на Интер со својот Ролс-Ројс возел над дозволениот лимит низ улиците во Милано, а откако поминал на црвено светло полицијата морала да реагира.

Во меѓувреме Интер утре ќе се сретне со Торино во мечотод 32-то коло во Серија А, а засега не е познато дали Брозовиќ ќе биде дел од составот на Антонио Конте, или ќе биде санкциониран за инцидентот.

Инаку, Брозовиќ пред околу еден месец ја освои јавноста во регионот со хуманиот потег, кога донира 3.000 евра за операција на Стаменка Менче Трпкоска.

- Оглас -

Најнови вести