Срамота: Двајца играчи на францускиот првак се степаа на терен (Видео)

Во францускиот првак Лил атмосферата меѓу фудбалерите очигледно не е на посакуваното ниво. Тоа се покажа на пријателскиот меч против белгискиот Кортријк, кога по завршувањето на првото полувреме, соиграчите Џека и Тијаго Џело влегоа во физичка расправија.

Белгискиот тим водеше со 1:0 на полувреме кога фудбалерите се подготвуваа да заминат во соблекувалните, а Џека и Џело влегоа во конфликт, па мораа да реагираат останатите соиграчи.

Судијата веднаш им даде црвени картони на двајцата играчи на Лил, а тренерот на Кортријк предложи неговиот тим во второто полувреме да игра со 10 наместо со 11 играчи, па ситуацијата на терен да биде малку порамноправна односно да бидат 10 против 9.

https://twitter.com/i/status/1416433252143861761

 

- Оглас -

Најнови вести