Брука: фудбалер на Манчестер сити бил уапсен поради кражба на мобилен телефон!

Шпанските медиуми објавија вест дека играчот од средниот ред на Манчестер сити, Матеус Нуњез, во септември бил уапсен во Мадрид поради кражба на мобилен телефон.

Инцидентот во кој бил вмешан 26-годишниот Португалец роден во Бразил се случил на 8 септември, во ноќниот клуб „Ла Ривиера“ во главниот град на Шпанија. Бесниот Нуњез му го грабнал мобилниот телефон на човекот кој го фотографирал во тоалетот и не сакал да му го врати.

Фудбалерот бил приведен во полициска станица, каде што му била земена изјава поради сомнение дека извршил кражба. Матеус бил ослободен неколку часа подоцна, но сега го чека судење.

 

- Оглас -

Најнови вести