На двобојот од бугарската лига помеѓу софиските тимови Царско село и ЦСКА, главниот судија Радослав Гиџенов си ги заборави картоните во соблекувалната. Тој не го знаеше тоа до 63-тата минута, кога реши да му покаже јавна опомена на Ивајло Марков и тогаш сфати дека во џебовите нема картони, па замина кон аутлинијата и од четвртиот судија да „позајми“ жолт картон.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1383858792505376771