9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Брука од 1,5 милијарди евра, покривот на „Камп ноу“ прокиснува (Видео)

Од јуни 2023 година трае реновирањето на „Ноу Камп“, сега Барселона игра таму, на недовршен стадион, меѓутоа, се чини дека самата реконструкција не е најдобро направена.

Дождот и градот што врнеа за време на натпреварот против Овиедо во неделата е доказ за тоа, бидејќи покривот протекуваше на неколку места. Најмногу настрада новинарската ложа. 

Кога стадионот ќе биде целосно завршен, за реновирањето вкупно ќе бидат потрошени речиси 1.500.000.000 евра. Инаку и главната ложа во која седеа претседателите, не е покриена, па и тие накиснаа. 

Се појавија и други снимки на кои се гледаат размерите од поплавата која се случи во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести