Отвореното првенство на Обединетото Кралство во снукер, донесе многу изненадувања, елиминирани се неколку фаворити, а меѓу нив и Велшанецот Марк Вилијамс кој е трикратен светски првак, кој загуби со 5-6 од Ентони Хамилтон.
Дека на Вилијамс не му беше денот, се виде кога тој заспа среде меч, додека чекаше да му дојде редот да заигра на масата. Вилијамс се извини, и рече дека кога се разбудил од цврстиот сон, не знаел каде се наоѓа.
„Сакам да им се извинам на сите кои гледаа. За 30 години професионална кариера, првпат ми се случи да заспијам на стол за време на натпревар. Ми падна главата, а кога се разбудив, едно пет секунди не знаев каде сум. Срам ми е, непрофесионално беше, но бев преморен. Ова нема врска со мојот противник, едноставно замор и последица од ковид-19“ – изјави 46-годишниот Вилијамс.