Брука во Црна Гора: Скандалозен гол и оправдан сомнеж дека денешниот меч е наместен (Видео)

Екипата на Дечиќ, која се бори за титула во црногорското фудбалско првенство, попладнево победи со 3-0 на гостувањето кај Младост ДГ од Подгорица.

Ништо чудно, резултатот е очекуван со оглед на тоа дека играа моментно првиот и последниот тим на табелата, но на средбата имаше еден момент кој предизвика скандал и отвора сомнеж за регуларноста на мечот.

При 0-0, играчот на Младост, Звонко Цеклиќ, при еден шут на противничкиот играч Бојан Матиќ, едноставно се тргна, потскокна за случајно да не ја блокира топката и дозволи таа да влезе во голот на неговиот тим. По ова водство на Дечиќ му беше полесно, па во финишот даде уште два гола.

Видете го голот кој предизвика многу негативни реакции, коментари, а и потсмев:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести