Бруклин без Дурант ќе се мачи против Јута

8332 Бруклин нетс – Јута џез (01.30 часот)

Според моментната форма, може да се каже дека гостите се благи фаворити, но тим кој во своите редови има суперѕвезди никогаш не треба да се потцени. Нетс има четири порази во последните пет меча, додека Јута доби три од последните четири. Кевин Дурант поради Ковид-19 нема да игра, и тоа е огромен хендикеп за домашните бидејќи овој играч има просек од 28,2 поени. Дурант и во март беше позитивен на коронавирус.  Јута не загубила од Бруклин од ноември 2017 година.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

8001 Мемфис гризлис – ЛА Лејкерс (02.00 часот)

Шампионот е фаворит на хартија. Езерџиите после седум меча имаат биланс 5-2, а Мемфис игра променливо и има скор 2-4. Гризлите имаат проблеми со повредени играчи, ќе бидат ослабени. Овие два тима меѓусебе играа и вчера, Лејкерс победи со 108-94, иако Мемфис ја доби првата четвртина со 11 поени разлика. Овојпат веруваме дека гостите ќе тргнат посериозно и повторно ќе слават во градот на Елвис Присли.

Предлог тип: 2 & >217.50 (2.35)

 

8331 Денвер нагетс – Минесота тимбервулфс (03.00 часот)

Двата тима имаат по 2-4 после шест меча, со тоа што Минесота е во серија од четири порази по ред. Денвер мора да ја искористи кризата кај Шумските волци и вторпат во два дена да го победи овој противник. Вчера Денвер триумфираше со 124-109 во меч на кој во победничкиот тим се истакнаа Мареј со 36 поени и Јокиќ со трипл-дабл. Нагетс дома има серија од пет победи по ред против Минесота.

Предлог тип: 1-1 (1.40)

 

8333 ЛА Клиперс – Сан Антонио спарс (04.00 часот)

Клиперс има 5-2, Спарс е на 2-4, но ако се погледнат само последните четири меча, тимот од Лос Анџелес има 3-1, а Мамузите ги загубија сите четири. Спарс на гости има 1-1. Овие тимови последен пат играле меѓусебе пред 11 месеци, кога Клиперс дома победи со 108-105. Пол Џорџ игра во добра форма на последните средби, типуваме дека повторно ќе постигне 25 или повеќе поени.

Предлог тип: Пол Џорџ >24,5 (1.87)

 

8334 Портланд трејлблејзерс – Чикаго булс (04.30 часот)

Портланд е на 2-3, Чикаго има 3-4, но трите победи на Булс се на последните четири меча, што укажува дека формата им е во нагорна линија. Портланд е тим кој на сите дуели сезонава даваше барем 100 поени, а и Биковите се ефикасни, тие само еднаш останаа на двоцифрен број на поени. Последните три меча на овие екипи во Портланд завршија со победа на домашните, иако и гостите даваа 103 или повеќе поени. Блејзерс и Чикаго не се сретнале повеќе од една година.

Предлог тип: Т1/Т2 <110.50 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести