Бруклин е најдобар на истокот, Леброн утна шут за победа на Лејкерс (Видео)

Бруклин нетс го совлада Милвоки бакс со 125-123 во дербито на Источната конференција во НБА лигата, и во директниот дуел со конкурентот најави дека има квалитет за високи дострели.

Јанис Адетокумбо се доближи до трипл-дабл и имаше 34 поени, 12 скока и седум асистенции, но Бруклин има две ѕвезди кои дадоа повеќе од 29 поени, а тоа се Кевин Дурант и Џејмс Харден. Ова најавува дека ако Милвоки сака да стане шампион, или ќе треба да донесат уште една ѕвезда како помош за Гркот, или Јанис ќе мора да игра подобро во тесни завршници и сам да решава натпревари, нешто што сега ретко го прави.

Првакот Лос Анџелес лејкерс е изненаден од Голден стејт. Лејкерс го контролираа мечот, имаа 19 поени предност, водеа и со 14 поени разлика во последната четвртина, но Вориорс направи пресврт. Во последниот напад при 113-115, Леброн Џејмс шутна тројка од прилично тешка позиција и не погоди. Џејмс даде скромни 19 поени, прв стрелец кај Езерџиите беше Денис Шредер со 25.

Ова е утката на Леброн по која Голден стејт се радуваше на значајна победа:

- Оглас -

Најнови вести