Бруклин го потврди пласманот во плеј-офот, Филаделфија ја совлада Атланта (Видео)

Екипата на Бруклин го потврди пласманот во плеј-офот, откако го совлада Орландо со 101-84. Домашните уште до полувремето направија голема предност од 24 поени, но гостите во вториот дел успеаја да намалат, но не доволно за да избегнат пораз на овој натпревар. Бриџис со 22 поени беше најпрецизен во редовите на Бруклин, додека Ентони од екипата на Орландо уфрли 14 поени.

Највозбудливо беше на дуелот помеѓу Атланта и Филаделфија, на кој победникот беше решен дури после продолженијата. Победија гостите со 131-136, откако регуларниот дел заврши 119-119. Најпрецизен на теренот беше кошаркарот на поразената екипа, Јанг, со 27 поени. Во составот на Филаделфија МекДаниелс уфрли 24 поени.

Далас и дефинитивно остана без пласман во плеј-офот, откако беше поразен на домашен терен од Чикаго со 112-115. Маверикс прв пат после 2019-тата година нема да играат во плеј-офот. Вајт од екипата на Чикаго беше најпрецизен на паркетот со 24 поени, додека еден помалку постигна неговиот клупски колега Вилијамс. Во редовите на Далас, најмногу поени уфрлија Дончиќ, Морис и Рајт, сите тројца по 13.

- Оглас -

Најнови вести