Бруклин ќе нападне со целото свое оружје

8001 Бруклин нетс – Филаделфија 76-ерс (НБА, 01:00 часот)

Најсериозниот кандидат за титулата во НБА-лигата за оваа средба ќе биде засилен со Кајри Ирвинг, кој по неколку месечна пауза се враќа во составот.

Ирвинг ќе им се придружи на Кевин Дурант и Џејмс Харден на средбата против Филаделфија, но не се знае точно колкава шанса ќе добие.

Неговиот квалитет е неспорен, а и информациите од САД велат дека тој е во одлична кондиција.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -5.5 (1.95)

 

8370 Орландо меџик – Милвоки бакс (НБА, 01:00 часот)

Милвоки, пак, со Јанис Адетокумбо во своите редови е апсолутен фаворит на гостувањето кај Орландо.

На домаќинот му фалат дури 10-мина играчи, но и да беше комплетен, тешко дека ќе можеше да му парира на првакот.

Елените ќе се обидат да го решат прашањето околу победникот во првото полувреме за да им дадат одмор на ѕвездите во второто, па затоа и предвидуваме победа во првите 24 минути со огромна разлика.

Предлог тип: 1 со хендикеп прво полувреме, 7.5 (1.80)

 

8373 Денвер нагетс – Голден стејт ворирорс (НБА, 03:30 часот)

Никола Јокиќ против Стеф Кари во нов дуел на двајцата најголеми кандидати за МВП наградата од регуларниот дел на сезоната.

Ова е втор натпревар во период од 48 часа, а интересно, и по малку чуден беше претходниот, кој заврши со 86:89 во корист на Денвер, и тоа како гостин.

Малиот број поени е несвојствено нешто за овие тимови, па затоа за оваа средба сметаме дека лесно ќе биде надмината дадената граница.

Предлог тип: >213.5 (1.94)

 

8459 Флорида пантерс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01:00 часот)

Паузата во НХЛ-лигата заврши вчера, кога се одиграа и дел од натпреварите, а и оваа полноќна понуда е навистина богата.

Ние ви го издвојуваме мечот меѓу Флорида и Тампа, кои се среќаваат по деветти пат во оваа година.

Од досегашните осум средби, дури пет завршиле со шест или повеќе погодоци, а токму таа е играта којашто ја предлагаме и за овој дуел.

Предлог тип: >5.5 (1.60)

 

8201 Каролина хурикејнс – Монтреал канадијанс (НХЛ, 01:00 часот)

Разликата во квалитет помеѓу овие две екипи е очигледна.

Каролина е на третото место во Источната конференција, додека Монтреал е „закован“ на дното.

Дополнителни проблеми за гостите создаваат повредите и високата заразеност со ковид-19 и за оваа средба најавено е отсуство дури на 17 хокеари.

Натпреварот нема да се одложи, а сето тоа е најава за уверлива победа на домаќините.

Предлог тип: 1&5+ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести