Бруклин пак ќе го освојува Лос Анџелес

8642 ЛА клиперс – Бруклин нетс (02ч)

Бруклин е во многу добра серија од пет победи во која страдаше и шампионот Лејкерс среде Лос Анџелес. По два дена пауза, Мрежичките пак ќе го освојуваат Градот на Ангелите, иако екипата на Стив Неш е ослабена со отсуството на Кевин Дурант.

Харден и Ирвинг играат на високо ниво, кои беа незадржливи дури и за Леброн Џејмс пред две ноќи. Клиперси се комплетни, Ленард и Џорџ треба да покажат зошто се конкуренти за титулата, меѓутоа нивната ранливост е разоткриена по поразот од Јута на домашен терен, па затоа и сега им се предвидува разочарување.

Предлог тип: 2 (2.80)

 

8637 Њујорк никс – Минесота тимбервулвс (01ч)

Конечно и Никси дочекаа да имаат сезона во која може да се надеваат на нешто добро, па затоа мечевите во кои се фаворити мора да ги победуваат. Овој дуел е еден од нив, Минесота е најслаба екипа на Западот и треба лесно да падне во кулната арена „Медисон Сквер Гарден“, иако Волците негуваат серија од четири последователни победи против Њујорк.

Никс се меѓу екипите со позитивен учинок на домашен терен кој треба да се одржи и по овој натпревар, со цел екипата да остане меѓу конкурентите за пласман во разигрувањата.

Предлог тип: 1 (1.71)

 

8639 Toронто репторс – Филаделфија севентисиксерс (01ч)

Двете екипи се хендикепирани во пресрет на овој меч со отсуствата на Лаури и Ануноби кај Торонто, односно втората ѕвезда на Филаделфија, Бен Симонс. Поради тоа, не треба да се очекува висок збир на поени без разлика што и Репторс и Сиксерс влегоа во позитивни мини-серии.

Филаделфија ги загуби последните три меча на гости, додека гостинска победа против Торонто памети од април 2019 година. Меѓусебните дуели на овие две екипи често се играат со низок процент на учинок, а така би требало да биде и ноќеска.

Предлог тип: вк <223,5 (1.96)

 

8342 Колин Секстон (Кливленд кавалирс – Оклахома сити тандер, 01ч)

Кливленд е прилично ослабен во пресрет на овој дуел, а тоа е шанса за младиот Секстон повторно да го покаже својот поентерски потенцијал. Во претходните три меча буквално за еден кош Секстон не успева да го надмине својот просек, сега му е шанса да го стори тоа.

Оклахома е во серија од четири победи против Кливленд, но во сите тие порази Секстон редовно постигнувал 20 или повеќе поени, затоа се очекува добра партија од него.

Предлог тип: Секстон >23,5 поени (1.90)

 

8404 Никола Јокиќ (Атланта хокс – Денвер нагетс, 01:30ч)

Јокиќ подзастана во победата над Кливленд и заврши со скромни 16 поени, но сега е моментот да се врати во претпознатливото поентерско издание кое го негува оваа сезона.

Јокиќ треба да покаже зошто е Ол-стар стартер и во битката против Капела по обрачите да издоминира. Во последниот дуел против Атланта, српскиот центар реализира високи 47 поени, сега не се потребни толку, но се бара да стигне до 26 поени.

Предлог тип: Јокиќ >25,5 поени (1.85)

- Оглас -

Најнови вести