Бруклин со „хендикеп“ ќе ја победи Индијана

8401 Мајами хит – Шарлот хорнетс (01.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои добро ја почнаа сезоната, и имаат само поеден пораз, и тоа во мечеви на кои се играше продолжение. Во регуларни 48 минути, засега не загубиле ни Жешките, ни Стршените. Шарлот е ефикасен тим кој на сите пет досегашни мечеви во регуларната сезона даваше повеќе од 110 поени, и предизвик за нив ќе биде што ќе имаат дуел против тим кој ниту еднаш не прими повеќе од 95 поени. Овие тимови се сретнаа меѓусебе на 12-ти октомври во завршницата од подготвителниот период, и резултатот беше 104-103 за Мајами.

Предлог тип: <221.50 (1.93)

 

8402 Бруклин нетс – Индијана пејсерс (01.30 часот)

Нетс и Пејсерс имаат разочарувачки старт на сезонава. Бруклин и без Кајри Ирвинг кој не сака да се вакцинира и не му даваат да игра, има силен состав за кој две победи од првите пет меча е слаб учинок, и премалку за тим со шампионски амбиции. Индијана има само една победа, а и таа беше после продолжение. Бруклин има серија од четири победи по ред против Пејсерс, но Индијана славеше на шест од последните седум гостувања кај Мрежичките.

Предлог тип: Х 1 -6.50 (1.71)

 

8409 Портланд трејлблејзерс – ЛА Клиперс (04.00 часот)

Портланд има 2-2, а Клиперс 1-3, и веројатно не се задоволни ни едните ни другите со учинокот досега. Отсуствата на Ленард и Ибака се проблем за Клиперс. Пред три дена, Клиперс го растури Портланд со 30 поени разлика и тоа е нивна единствена победа сезонава, сега Блејзерс посакува реванш. Портланд дома не победил против Клиперс уште од 2018 година, и тоа е уште еден мотив за нив да го победат дивизискиот ривал.

Предлог тип: 1 (1.72)

 

8410 Денвер нагетс – Далас маверикс (04.00 часот)

Денвер има два порази по ред, а Далас има три победи едноподруго, па гостите во многу поповолен момент се пред меѓусебната пресметка. Кај Нагетс најголемиот проблем е повредата на Јокиќ, за кого не се знае дали ќе игра. Штета ќе биде ако публиката не гледа дуел на ѕвездите Јокиќ и Дончиќ. Во јануари кога последен пат играа еден против друг, Србинот и Словенецот постигнаа по 38 поени, а тогаш победи Далас по продолжение. Кај Маверикс не се знае дали ќе игра Порзингис кој го пропушти синоќешниот меч со Сан Антонио. Од не(играњето) на Јокиќ зависат многу работи, затоа ќе си ја испробаме среќата со типување дека ќе има парен број поени на мечот.

Предлог тип: Пар (1.85)

 

8411 ЛА Лејкерс – Кливленд кавалирс (04.30 часот)

Кливленд тргна со два порази, а оттогаш има три победи по ред, од кои едната во Лос Анџелес против Клиперс. Лејкерс има само 2-3, а штета е што нема да игра Леброн Џејмс против својот поранешен клуб во кој ја почна НБА кариерата и каде е локален херој. Кавалирс има три меча по ред на кои прима под 100 поени, и ако ги лимитира и Езерџиите, може да се надева на триумф. Мечевите на Лејкерс се со многу поени, овој тим и дава и прима над 110 поени. Клучот е дали Лејкерс ќе даде над 105 поени, ако успее, би требало да победи.

Предлог тип: Т2 <105.50 (1.86)

- Оглас -

Најнови вести