Бруно Фернандеш доби понуда четирипати подобра од таа на Манчестер јунајтед

Саудискиот клуб Ал-Хилал му даде рок од 72 часа на Бруно Фернандеш во кој Португалецот мора да го даде својот конечен одговор дали ќе ја прифати примамливата понуда што му е упатена.

Клубот од Ријад му понуди на играчот од средниот ред четирипати поголема плата од таа што ја добива во Манчестер јунајтед. Понудата до него е за нето-плата од 700.000 фунти неделно. Ако прифати, со бонусите Бруно би можело да добие вкупно 200 милиони во текот на три години.

Доколку одговорот на капитенот на Црвените ѓаволи е позитивен, Ал-Хилал ќе упати официјална понуда до Манчестер јунајтед, која, според „Дејли мејл“, ќе биде од околу 100 милиони фунти.

Ал-Хилал сака да го потпише Фернандеш пред почетокот на Светското клупско првенство кое започнува за помалку од две недели. Португалецот е цел број 1 на клубот. Алтернативите се Јури Тилеманс од Астон вила или Едерсон од Аталанта.

По последниот натпревар од сезоната, капитенот на Јунајтед изјави: „Ако клубот смета дека е време да се разделат затоа што сака да заработи добри пари, тоа е тоа. Фудбалот понекогаш е таков. Секогаш велев дека сум тука сè додека клубот не ми каже дека е време да си одам.“

- Оглас -

Најнови вести