Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш изрази желба повторно да заигра во ист тим со Бразилецот Рафиња, кој во моментов го носи дресот на Барселона.
Барса скапо го плати Рафиња за да го донесе од Лидс и тешко дека лесно би се откажала од него, но ако Манчестер јунајтед испрати богата понуда, Каталонците може и да го продадат Рафиња.
Инаку, Бруно и Рафиња беа соиграчи во Спортинг Лисабон во сезоната 2018/2019, пред Бразилецот да замине во Рен, од каде што потоа премина во Лидс.
„Не бевме долго заедно, само една сезона, но имаше добра хемија меѓу нас. Чувствував дека тој е соиграч кој би дал сè за мене“, вели Фернандеш.
Во таа сезона кога Бруно и Рафиња играа заедно, во тимот на Спортинг беше и капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски. Познато е дека Стефан и Бруно се блиски пријатели, но еве сега кај нас се дозна дека биле соиграчи со уште една ѕвезда на светскиот фудбал.