Манчестер јунајтед за првпат во шестиот меѓусебен меч славеше против Вилјареал, и тоа благодарение на голот на Кристијано Роналдо во последните секунди од мечот, односно во 95-тата минута. Со тој погодок Роналдо уште еднаш се покажа како херој за Црвените ѓаволи.
За разлика од Роналдо, неговиот сонародник Бруно Фернандеш во дуелот против Астон вила во првенството промаши пенал во 92-рата минута, па Манчестер јунајтед загуби. Иако Фернандеш очајно го шутна пеналот против Астон вила, Бруно откри дека ако имало удар од 11 метри против Жолтата подморница, тој ќе требало да го шутира.
„Јас бев планиран да шутирам пенал ако имаше против Вилјареал, но немав шанса за тоа бидејќи немаше таков прекршок. Менаџерот пред мечот ќе одлучува за тоа кој треба да шутира пенал доколку има“, откри Фернандеш.
Следниот меч на Манчестер е веќе утре попладне, кога од 13:30 часот на „Олд Трафорд“ ќе гостува Евертон. Фернандеш минатата сезона беше најдобар изведувач од белата точка. Тој даде дури девет погодоци со удар од 11 метри, еден повеќе од Џејми Варди од Лестер.