Во Португалија веќе долг период се дебатира дали нивната репрезентација игра подобро со или без Кристијано Роналдо. Има различни размислувања, но поголемиот процент од навивачите сметаат дека репрезентацијата игра подобро без Роналдо.
Со ова не се согласува Бруно Фернандеш, кој објасни како стојат работите во португалската репрезентација.
„Кристијано сè уште е играч од висока класа. Создава простор и ги влече дефанзивците на себе. Ако Кристијано не игра и на негово место е Рамос, тој е силен во пресингот и добар во дијагоналните спринтови. Кога јас не играм, а Бернардо Силва е на мојата позиција, тој носи поголем посед на топката, а јас давам повеќе завршни додавања. Така стојат работите. Сите носат одредени нешта и одземаат нешто друго. Кристијано е ист како нас. Знаеме како да се прилагодиме и да придонесеме кон квалитетите на останатите за да може репрезентацијата да има корист. Знам што мислат луѓето – дека е очигледно дека играме подобро без Роналдо, дека играчите се послободни. Мислам дека ако тоа се случува, тоа делумно е наша вина. Не треба да се грижиме дали Кристијано е на теренот бидејќи тој ни носи многу позитивни работи“, рече Бруно Фернандеш.

