Манчестер јунајтед не успеа да победи ниту во второто коло од Премиер лигата, но за разлика од мечот против Арсенал кој го загуби, сега одигра 1-1 на гостувањето кај Фулам.
Бруно Фернандеш буквално се посрамоти во 38-мата минута, а неговиот удар од белата точка заврши високо над голот, односно на трибините.
Сепак, „црвените ѓаволи“ дојдоа во водство во 58-мата минута, кога Лени Јоро упати удар, а Родриго Муњиз во обид да изблокира си постигна автогол. Но, и тоа не беше доволно за победа на Манчестер јунајтед, бидејќи Смит Ров во 73-тата минута израмни на 1-1, а на крајот тоа беше и конечниот резултат.