Фудбалерот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец, Бруно Фернандеш, одбил повеќе од две понуди од екипи од Саудиска Арабија, објави новинарот Фабрицио Романо, кој е експерт за фудбалски трансфери.
Според Романо, повеќе од два тима од Саудиска Арабија му понудиле богатство на Португалецот, но тој ги одбил бидејќи сака да остане во Манчестер јунајтед и следната сезона да ја нападне титулата во Премиер лигата.
Минатата сезона, Бруно Фернандеш беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед постигнувајќи 14 гола и имаше 15 асистенции.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1680947270189981696?s=20