Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец, денес се приклучи на Спортинг Лисабон во подготовките за сезоната 2020/21, додека тимот стартуваше пет дена порано.
Ристовски на „Инстаграм“ објави две фотографии покажувајќи дека е подготвен за новите предизвици, а еден детаљ не остана незабележан од неговиот поранешен цимер. Бруно Фернандеш, ѕвездата на Манчестер јунајтед, во шега го искара Стефан да престане да ги крева ногавиците од шорцевите.