Бруно ироничен: Мислев дека е нова година, а веќе дошло 1 април

Името на португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш, се спомнуваше во одредени шпекулации дека е „План Б“ за Барселона, ако Каталонците не успеат да го ангажираат Ерлинг Халанд.

Ѕвездата на Манчестер јунајтед одговори иронично на овие пишувања.

„Мислев дека новата година само што почна, а тоа веќе дошло први април. Или можеби е само лошо сработена работа и лошо новинарство?“ – порача Бруно.

- Оглас -

Најнови вести