Бруно од трагичар во херој, нов гол на Јунајтед со фото-финиш(видео)

Манчестер јунајтед со превсрт од 4-1 го нокаутира Њукасл на „Сент Џејмс парк“. Црвените ѓаволи мораа да се измачат за победата откако по само 100 секунди западнаа во проблеми, па мораше Бруно Фернандеш да спасува.

Ефектен автогол си постигна Лук Шо преку кој Њукасл поведе во втората минута. Следуваше брз одговор преку Мегваер, но претходно ВАР му одзеде еден гол на Јунајтед откако пресуди офсајд во ситуацијата кога Фернадеш погоди за 1-1.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1317568365452472320

Португалскат ѕвезда потоа 58-та минута имаше прва прилика да ја сврти средбата во корист на гостите, меѓутоа промаши пенал по 10 реализирани едноподруго за тимот од „Олд трафорд“. Се чекаше финишот од мечот, кога Бруно конечно заби за 2-1, а до крајот Ван-Бисака и Рашфорд ставија точка пред последниот судиски свиреж.

 

https://twitter.com/AdemolaVictor/status/1317561531622621191

- Оглас -

Најнови вести