20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Брутален напад на противнички играч во еден од најбрзорастечките спортови во светот (Видео)

Пиклбол е еден од најбрзорастечките спортови во светски рамки, а дека и таму може да се случат немили настани, се потврди на еден турнир. На страницата Kitchen Pickleball откриваат за еден инцидент кој се случи по завршување на еден меч во дубл конкуренција.

Играч по име Питер Шонк му донесе триумф на својот тим, а потоа почна да слави. Кога дојде со мрежата за да се поздрави со противничките играчи, ненамерно го турна рекетот на еден од играчите. Во истиот момент Шонк се наведна за да го земе рекетот, но неговиот противник реши крвнички да го шутне со нога директно во главата.

Шонк веднаш падна, а од ударот доживеал и губење на памтењето, кое за среќа му се вратило по неколку часа.

- Оглас -

Најнови вести