Брутален податок: Ѓоковиќ има 37:0 на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ ќе игра во уште едно полуфинале на Ролан Гарос. Иако има 38 години, Србинот покажува дека уште е во одлична форма и е меѓу кандидатите за освојување на трофејот.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против првиот фаворит, Јаник Синер и е во улога на аутсајдер. Иако квотите велат дека Ноле има мали шанси за победа, традицијата е на страна на Србинот.

Ако се погледнат резултатите на Ролан Гарос од 2020 година до денеска, Ѓоковиќ има 95,1 отсто победи. Во 41 мечеви кои ги одигра на Гренд слемот во Париз, тој има 39 победи и само два порази.

Интересно е дека двата порази кои ги има во посочениот период се од Рафаел Надал. Ноле и Надал играа четири пати, а билансот е 2:2 во победи. Тоа значи дека Ѓоковиќ со сите останати тенисери против кои играл на Ролан Гарос, реди само победи, односно има 37 победи и ниту еден пораз.

Според проценките, Синер уште е прв фаворит за трофејот со 40 отсто шанси да стигне до трофејот. Потоа следува Карлос Алкарас со 35 отсто шанси да биде првак, а Новак Ѓоковиќ има 25 отсто шанса да биде шампион оваа сезона на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести