Брутален сеир на сметка на Вернер, на кого му пишуваше додека Челзи губеше? (Фото)

Арсенал го освои ФА купот на Англија, а иако не играше туку гледаше од трибините, новото засилување на Челзи, Тимо Вернер, беше мета на најбрутални сеири после мечот. Во еден момент, додека Сините губеа со 1-2, телевизиските камери го фатија Вернер на трибините како гледа и пишува нешто во телефонот.

Ова беше причина на Твитер страницата на неговиот екс клуб Лајпциг да напишат: Вернер пишува…

Од прес-службата на Црвените бикови со ова сакаа да кажат дека фудбалерот му пишува во месинџер на својот бивш клуб, со молба да го вратат, бидејќи во новата средина се губат мечеви. Се разбира ова беше само шега, но покрена лавина од други сеирџиски коментари.

На социјалните мрежи имаше и други шеги на сметка на Вернер. Имаше такви кои пишуваа дека Вернер на телефонот барал како се раскинува договор, или дека барал авионски летови до Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести