Брутален старт за кој не постои доволно остра казна (Видео)

На фудбалски меч во Хондурас се случи еден од најбруталните фаули кои може да се видат во последните неколку години. Дефанзивецот Андре Орелана заслужено заработи директен црвен картон по непромислениот потег што го направи.

Се играше 90-тата минута на дуелот Маратон и Олимпија, кога Орелана буквално леташе и со отворен ѓон се заби во двајца противнички играчи. Двајцата фудбалери паднаа на тревата и беа повредени, а Орелана свесен за тоа што го направи, без многу бунење го дочека црвениот картон.

Гостинот Олимпија победи со 1:0 благодарение на погодокот во 85-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести