34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Брутална е статистиката колку Сити доминираше против Реал во првото полувреме

Манчестер сити го прегази Реал Мадрид во првото полувреме, потврдуваат статистичките показатели, а и резултатот од 2-0 е доволно убедлив за ова ниво.

Англискиот тим имаше дури 72 отсто посед на топката, Реал само во 28 проценти од времето ја имаше топката во свои нозе, а што е уште поважно, односот на шутеви беше 13-1 за домашните. Реал не „припари“ до голот на Едерсон, единствената закана беше шутот од далечина на Тони Крос, кога топката заврши во пречката.

Во рамките на голот, Сити имаше пет шута, па само одбраните на Тибо Куртоа спречија и поголем дебакл на 14-кратниот европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести