8.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Брутална тепачка на кошаркарски меч во Србија (Видео)

Кошаркарскиот меч од Прва регионална лига во Србија меѓу Врбас и Слован Рума, имаше неславен крај, откако неколку играчи од двата тима се истепаа на теренот.

Се играше финишот на мечот, кога во една ситуација под кошот, по направен фаул, еден од играчите реши физички да го нападне противникот. Удрениот кошаркар не остана должен и веднаш врати со иста мерка и тогаш се случи хаос.

Повеќе играчи на двата тима влегоа во конфликт, но за среќа целата мешаница траеше десетина секунди, а потоа се смирија страстите на кошаркарите. Инцидентот може да го видите на 1:38:20 часот од видеото.

- Оглас -

Најнови вести