Судирот меѓу навивачите на бразилските клубови Палмеирас и Крузеиро на автопатот „Фернао Дијас“ доведе до трагични последици со најмалку 17 повредени и еден загинат.
На интернет веќе се појавија видеа на кои се гледа запален автобус и повредени навивачи.
Torcedores do palmeiras fizeram isso com torcedores do @Cruzeiro , após a volta dos torcedores cruzeirenses do jogo em Curitiba contra o furacão 🌪️.
— 🌎MUNDO DA B⚽LA (@VIVOMUNDODABOLA) October 27, 2024
Assassinaram esse rapaz e depois o colocou dentro de um ônibus e atiçou fogo 🔥.
Esse é o país de tantas leis pic.twitter.com/IEsiRAJLZN
Според Федералната воена и автопатна полиција на Бразил, автобусот кој го користела организираната навивачка група „Мафија Азул“ на Крузеиро бил нападнат од членови на навивачката фракција „Манча Верде“ на Палмеирас.
Навивачите на Палмеирас го поставиле нападот поставувајќи предмети на патот за да ги пробијат гумите на автобусот, а потоа го нападнале со ракети и железни стапови.
Автобусот се запалил, а еден навивач на Крузеиро, Хозе Виктор Миранда (30), трагично загинал. Миранда, кој работел како мотокурир, оставил зад себе десетгодишен син.
🚨REVOLTANTE – O Palmeiras tem que ser REBAIXADO após este terrorismo praticado pela torcida Mancha Verde?
— Nikolas F. |🔺🇧🇷 (@NikolasApoio) October 27, 2024
Segundo informações preliminares, divulgadas pela rádio Itatiaia, sete torcedores do Cruzeiro ficaram gravemente feridos, dois deles foram baleados e um morreu após ser… pic.twitter.com/ng7CyXi1xU
Клубот Палмеирас излезе со официјален став за настанот.
„Палмеирас ги отфрла сцените на насилство што се случија на автопатот „Фернао Дијас“. Фудбалот не смее да биде заднина за битки и смртни случаи. Фактите треба да бидат истражени од релевантните органи, а сторителите строго казнети“, се вели во соопштението на клубот од Сао Пауло.
Крузеиро исто така го осуди настанот.
„Длабоко жалиме за уште еден насилен инцидент меѓу навивачите, овојпат рано изутринава на автопатот „Фернао Дијас“, кој заврши со смрт на навивач на Крузеиро и неколку повредени. Во фудбалот, кој обединува страсти и луѓе, нема место за насилство. Мора да ставиме крај на овие криминални дејствија“, изјавија од Крузеиро.