Аз Алкмар и Вест хем од 21 часот ќе играат во реванш-мечот од полуфиналето во Конференциската лига на УЕФА, а дуелот имаше жестока предигра. Иако на англиските навивачи им беше советувано да не патуваат во Холандија затоа што постои опасност од нереди, тоа не се случи. Неколку илјади навивачи на Вест хем заминаа во Алкмар, а пред мечот се случи тоа од коешто се стравуваше.
https://twitter.com/i/status/1659188485251579906
Домашните навивачи во неколку ситуации ги нападнаа гостите и се случи вистински хаос низ градот.
https://twitter.com/i/status/1659203002916569091
Вест хем победи со 2:1 на првиот дуел, што значи дека на гостите од Лондон вечерва им е доволно да не загубат за да се пласираат во финалето во третото по квалитет клупско натпреварување на УЕФА.